Тухел сака да го доведе Стирлинг во Челси

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, се залага за напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг. Тренерот сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот, откако минатата сезона имаше забелешки за неговите играчи кои настапуваат на предните позиции. Затоа го свртел вниманието кон членот на англиската репрезентација, тврди „Скај Спортс“.

До неодамна се сметаше дека „сините“ следат уште еден напаѓач на Сити, Габриел Жесус. Сепак, Бразилецот е блиску до трансфер во Арсенал. Покрај тоа, Тухел претпочита да го земе Стирлинг наместо него.

27-годишниот крилен напаѓач има договор со „граѓаните“ на уште една сезона, па неговата иднина во клубот е неизвесна. Се почесто се шпекулира дека газдите на „Етихад“ се подготвени да го продадат за добра понуда. Цената на играчот е околу 70 милиони евра.

Стирлинг беше донесен во Манчестер Сити од Ливерпул во 2015 година. За последните седум сезони со екипата има 339 натпревари, 131 гол и 95 асистенции.

Тој е и репрезентативец на Англија со 77 натпревари и 19 голови за „трите лава“.