Челси уверен во привлекувањето на Стирлинг

од Vladimir Zorba

Раководството на Челси е уверено дека ќе успее да го привлече Рахим Стирлинг од Манчестер Сити. 27-годишниот англиски репрезентативец има договор со „граѓаните“ до 2023 година и сака да си замине. Менаџерот на тимот од Лондон, Томас Тухел, смета дека играта на Стирлинг е посоодветна за стилот што тој сака да го користи отколку онаа на Ромелу Лукаку, кој се очекува да се врати во Интер.

Сити нема проблем да се раздели со Стирлинг, но го проценува на 60 милиони фунти. „Сините“ во оваа фаза се подготвени да дадат околу 40 милиони. Првата понуда на лондончани, која беше околу 20 милиони фунти, беше одбиена од „граѓаните“

Пеп Гвардиола планира да се потпре на новите засилувања Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез. Затоа е подготвен да го пушти Стирлинг, како и Габриел Жесус кој е трансфер цел на Арсенал.

Стирлинг е во Манчестер Сити веќе седум години. Во овој период тој постигна 131 гол на 339 натпревари. Рахим порасна во Лондон, каде што се преселил од Јамајка на петгодишна возраст.

Тој веќе разговарал со познаници за да се запознае со атмосферата на „сините“ и како е да се работи со Тухел.

Слични содржини