Тухел загрижен поради неизвесноста околу продажбата на Челси

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челси, Томас Тухел е сериозно загрижен поради неизвесноста околу продажбата на клубот. Сопственикот Роман Абрамович практично беше принуден да ги пушти своите акции на пазарот поради строгите санкции што му ги воведоа британските власти по почетокот на војната во Украина. Сепак, зделката е одложена и тоа не му се допаѓа на германскиот стручњак, пишува „Мирор“.

Во последните денови се шпекулираше дека најверојатен нов сопственик на Челси ќе биде американски конзорциум предводен од милијардерот Тод Боли. Сепак, се чини дека договорот меѓу двете страни нема да биде завршен пред јуни или јули, а тоа е причината за растечките немири на Тухел.

Менаџерот е свесен дека на тимот му треба сериозно освежување во текот на летото. Сепак, тој е во многу комплицирана ситуација, во која не знае со каков трансфер буџет ќе располага и не може да прави никакви планови за селекција.

Сериозен проблем за тренерот е тоа што во сегашната ситуација не може да задржи дел од своите играчи со истечен договор како Антонио Рудигер, Цезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен.

Првиот сега може да се смета за сигурно заминување откако стана јасно дека постигнал договор со Реал Мадрид.

Слични содржини