206
Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска во Бон предупреди дека човештвото „брза“ кон климатска катастрофа, наведувајќи дека таа може да се избегне само со зголемување на употребата на ветерот и сончевата енергија и намалување на производството на фосилни горива за шест отсто годишно до 2030 година.
Податоците беа објавени на маргините на разговорите за климатските промени во Обединетите нации во Бон, каде Тунберг рече дека човештвото треба веднаш да одговори на климатската криза или да се соочи со, како што ја нарече, „смртна казна“.
Уделот на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија се зголеми на околу 30 проценти на глобално ниво поради падот на трошоците.