Тунелот „Евроазија“ под Босфорот ќе го скрати на 15 минути преминувањето од Европа до Азија

од Vladimir Zorba
122 прегледи

 

 

Забрзано се работи на гигантскиот транспортен проект во Истанбул – тунелот Евроазија, кој ќе ги поврзе европскиот и азискиот дел на градот под Босфорот. Пуштањето во употреба на транспортната артерија се планира за 20 декември и се работи деноноќно во 24-часовен режим под и над земја.istanbul-a-ikinci-tunel-geliyor

Деновиве привршува и асфалтирањето на тунелот. Тој ќе биде долг 14,6 километри. а цевките се на длабочина од 106 метри. Капацитетот на тунелот ќе биде 100.000 превозни средства на ден.

Според експерти, со пуштањето во експлоатација на тунелот „Евроазија“, за минување на растојанието од Казилчешме (точка на европскиот брег на мегаполисот) до Ѓузтепе (на азискиот брег) ќе бидат потребни 15 минути наместо сегашните 100 минути.

По трасата ќе има врски со метрото и автобуските линии, кои го поврзуваат пристаништето Јани Капи со клучните точки Сарајбурну, Саматија и со аеродромот на азискиот дел од Истанбул, „Сабиха Ѓукчен“.

„Евроазија“ ќе биде поврзана и со третиот мост над Босфорот, „Јавуз султан Селим“, кој беше отворен на 26 август оваа година.80002

Така ќе се стави крај на долгите колони од моторни возила на ферибродите меѓу Емињоњу и Харем Гебзе. Исто така ќе се обезбеди брзо и лесно движење на моторни превозни средства од Истанбул до селата на азискиот дел од Турција, потенцираат експертите.

Новиот тунел „Евроазија“ се смета за спас за исклучително оптоварениот сообраќај во Истанбул.

Локални аналитичари сметаат дека и покрај негативните случувања кои го донесе неуспешниот обид за државен преврат на 15 јули, во Турција продолжува реализацијата на општествено важни проекти на турската Влада, меѓу кои е и тунелот „Евроазија“.1397916453300-520x390

Изградбата на проектот започна во 2011 година, откако беа инвестирани 1,25 милијарди долари. Во изградбата на тунелот учествуваат турски и јужнокорејски фирми.

Отворањето на „Евроазија“ се планира да биде извршено од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 20 декември, а тој и прв ќе мине низ него