Тунелот на Елон Маск под Лос Анџелес, автомобилите ќе се возат со 240 км/ч

од desk2
90 прегледи

Основачот на компанијата The Boring Company, Елон Маск објави прва фотографија на подземниот тунел кој го гради во Лос Анџелес.

Познато е дека Маск ја тестирал опремата и технологијата за копање под седиштето на компанијата SpaceX во Хауторн во Калифорнија, откако градските власти му дозволија.

Маск планира да го изгради тунелот со што ќе понуди алтернативен урбан транспорт, а подземните патишта ќе функционираат со електрични ленти, на кои автомобилите ќе стојат, а лентата ќе ги превезува од едно до друго место.

Маск го избра Лос Анџелес за тестирање затоа што градот е познат по сообраќајните метежи.

Фотографијата на компанијата The Boring Company, Маск ја објави на Twitter.

Целта на овој тунел е да го намали метежот и времето на патување. Маск рече дека тунелот ЛА ќе оди паралелно со автопатот 405 се до автопатот 101 со излези на секои 2 километри. Тунелот ќе функционира како брз автопат, а електричните ленти ќе ги носат возилата со луѓе со брзина од 240 км/ч.