Туниската војска приземји либиски борбен авион

од Vlatko K
141 прегледи

Либиски воен авион кој бил на тренажен лет беше принуден да слета на периферијата на Меденин, град во југоисточниот дел на Тунис.

– Тоа се случи откако го наруши тунискиот воздушен простор, изјави портпаролот на Министерството за одбрана во Тунис, Мохамед Бен Зерки.

Тој рече дека либискиот пилот ги информирал туниските власти дека авионот имал технички проблем, но не соопшти детали.