Тупанчески: Meѓународните договори треба да се почитуваат, никаде не е уредена материјата за дератификација

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Министерот за правда, Никола Тупанчески смета дека меѓународните договори треба да се почитуваат затоа што произведуваат обврски, права и задолженија. Во вечерашното гостување во дневникот на Сител Тупанчески рече дека иницијативата за референдум поднесена од Левица мора да биде во согласност со Уставот, Законот за референдум и со Деловникот на Собранието.

„Никаде не е уредена материјата за дератификација, како може еден договор кој што е ратификуван, да биде дератификуван, токму затоа најчесто се повикуваме на меѓународното право и принципите кои што ги уредува оваа материја, или со други зборови кажано, тоа би значело дека навистина треба да се држиме до она што се нарекува меѓународен договор.Единствени субјекти кои што го склучуваат меѓународниот договор се Претседателот на државата и на Владата ,”рече Тупанчески.

Министерот за правда се осврна и на формирањето на ад хок телото кое треба да дава советодавно мислење за имињата на здруженијата за одредени историски личности. Телото наскоро ќе има констититутивна седница.

„Нашата намера беше со цел да се превенира, да не се повторат некои состојби или ситуации што претходно се случуваа а значат повреда на чувствата на македонскиот народ или воспоставување, етаблирање на имиња кои што имплицираат повреда на достоинството на еден народ, на една нација. Во моментов во МП има работна група која што ја интензивира својата работа и работи на новиот закон за здруженија и фондации. Идејата беше додека не биде донесен новиот закон, кој што прилично е застарен, да превенираме, да бајпасираме и во овој меѓупериод да има советодавно тело и ад хок тело, тоа тело би било до донесување на новиот закон..”изјави Тупанчески во Тема на денот на дневникот на телевизија Сител.

Слични содржини