Министерот за правда Никола Тупанчески оствари работна средба со експертите од ОБСЕ/ОДИХР, Кеара Касталдо и Раул Мусеран на која се разговараше за подготовките на нов Изборен законик. Министерот Тупанчески ги презентираше активностите кои ги презема министерството во насока на формирање работна група која ќе треба да го подготви новото законско решение.
-Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР беа информирани дека и покрај фактот што ВМРО ДПМНЕ се уште нема делегирано свој член, работната група ќе се конситуира во најскоро време, а поканата за учество останува и натаму отворена. ,,Изборниот законик може да се донесе само низ дијалог и консензус на сите засегнати страни . Во него мора да бидат внесени сите досегашни препораки кои ОБСЕ/ОДИХР ги имаа во изминатите изборни циклуси”рече Тупанчески.
Експерите од ОБСЕ/ОДИХР изразија подготвеност да го поддржат целиот процес на изработка на новиот Изборен законик.