Тупанчески се сретна со директорите на затворите – договорено веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми

од Vladimir Zorba

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со сите директори на затворите. Средбата се одржа во Министерството за правда а на неа присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.

На состанокот, Тупанчески поединечно бил информиран од секој директор за актуелната состојба во казнено поправните установи. Констатирано е дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар.

Договорено било „веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години се провлекуваат“.

Ќе се интервенира и во Законот за извршување на санкции со цел да се подобрат условите на вработените во затворите.

Во наредниот период министерот ќе ги посети и затворите со цел лично да се запознае со состојбите. Комуникацијата со директорите на затворите ќе се интензивира во насока на создавање подобри услови за осудените лица и спречување на девијантните појави.

Слични содржини