Тупанчевски за Рашковски: Единствен критериум за осуда е после правосилна судска пресуда

од Nikola Popovski
236 прегледи

Станува збор за колеги мои кои биле составен дел во различни епохи од извршната власт. Факт е дека треба да се има спрема секого достоинствен пристап. Единствен критериум за осуда, било каква, е после правосилна судска пресуда, изјави министерот за правда, Никола Тупанчевски како одговор на новинарско прашање како го коментира присуството на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски на првиот академски час на правниот факултет „Јустинијан Први“.

Според него, само после тогаш би можеле да коментираме за состојбите „затоа што само на таков начин може да зборуваме за форматирање на нечија одговорност“.

Рашковски беше генерален секретар во Владата до објавувањето на аферата „Софтвери“, по што следуваше обвинение и судски процес за два тендери, како и исплата на хонорари од кои, според обвинителството, Рашковски еден дел зел за себе.

Случајот за Рашковски се оденсува на софтвер за сообраќајни прекршоци вреден 81 000 евра кој тој го набавил, иако ниедна институција ниту го барала ниту го користи, како и дека пред да го купи, како генерален секретар на Владата, тој лично развил таков софтвер за сообраќајни казни и го патентирал.

Слични содржини