Турција: Брачен пар го пронајде своето бебе еден месец по земјотресот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
369 прегледи

Брачниот пар од Турција, Нергис и Чумали Бакајли, по цел месец страв и неизвесност го пронашле своето бебе изгубено во земјотресот.

Шестмесечното бебе исчезнало по земјотресот во Турција на 6 февруари, а во моментот на земјотресот било во болницата во Караманмарас и оттогаш му се губи секаква трага. Не било јасно дали детето е извлечено на безбедно или починало под урнатините, а родителите биле сместени во прифатен центар.

Приказната за разделеното семејство ја објавија бројни турски медиуми, а парот по земјотресот почнал да трага по своето бебе.

Нивното бебе било под болничка нега поради мозочно крварење по предвремено породување, а по земјотресот било префрлено во Градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Селџук, но поради општиот хаос и недостигот на документи, многу семејства, меѓу кои и ова, беа разделени.

Вработените во болницата во Селџук го препознале детето и ги известиле родителите дека бебето е кај нив, живо и здраво.

Мајката Чумали Бакајли раскажала како не знаеле каде е нивното дете: „Пред земјотресот ќерка ми беше во болница. По земјотресот не знаевме каде е. Кога ни се јави докторот и рече дека нашата ќерка е таму и дека нејзината состојба е многу добра, Господ да ги благослови сите, цел свет беше наш“, раскажува мајката за НТВ.

Таткото на Нергис Бакајли бил пресреќен што состојбата на девојчето е добра. „Не дај Боже некому да му се случи вакво нешто. По земјотресот немавме вести за нашето девојче. Господ да ги благослови сите“, рече тој.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.

Слични содржини