Турција: Во земјотресот кај Малатија загина едно лице, 110 се повредени

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди југоисточна Турција загина едно лице, 110 се повредени, а 29 згради се уништени, соопштија турските власти.

Последниот последователен потрес се случи на длабочина од 6,15 километри, три недели по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија, објави „Ројтерс“.

Си-Ен-Ен Турк во живо објави како спасувачки тим извлекол маж од урнатините во провинцијата Малатија.

Слични содржини