Турција: Инструкциите за терористичкиот напад во Истанбул пристигнаа од Сирија

од Stefanija Kuzmanovska

Инструкциите за терористичкиот напад во Истанбул се добиени од сирискиот Манбиџ, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Во неделата попладне, одекна експлозија на пешачката улица Истиклал во центарот на Истанбул, при што загинаа шест лица, а 81 беа повредени. Осомничената терорист е приведена, таа призна дека била поврзана со Курдистанската работничка партија (ПКК), која е забрането во Турција.

Сојлу објави дека постои сомневање дека упатствата за терористичкиот напад потекнуваат од сирискиот пограничен град Кобанија, а сторителот на турска територија влегол преку градот Африн.

Сојлу во понеделникот рече дека властите во неговата земја не го прифаќаат сочувството на американската амбасада во врска со нападот.

„И терористичкиот напад во Мерсин и на улицата Истиклал беа извршени од Манбиџ (град на северот на Сирија)“, изјави министерот, а пренесува ТВ каналот Хабер.

Како што изјави министерот, годинава се спречени 18 самоубиствени напади.

„Нашата борба против тероризмот продолжува. Секаде каде што има извор на тероризам, тој ќе биде уништен“, нагласи Сојлу.

Во Мерсин на крајот на септември се случи вооружен напад врз зградата на полицијата, едно лице загина, а властите инцидентот го нарекоа терористички напад.

Слични содржини