171
Во Турција се покренати истраги против повеќе од 600 лица поради рушењето на згради во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
Тој наведе дека 184 од 612 осомничени се задржани во затвор во очекување на судењето, и дека меѓу приведените има градежни изведувачи и сопственици или управители на згради.
„Откривањето на доказите во зградите продолжува како основа за кривична истрага“, рече Боздаг во Дијарбакир, пренесе АП.