193
Во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди југоисточна Турција загина едно лице, 110 се повредени, а 29 згради се уништени, соопштија турските власти.
Последниот последователен потрес се случи на длабочина од 6,15 километри, три недели по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија, објави „Ројтерс“.
Си-Ен-Ен Турк во живо објави како спасувачки тим извлекол маж од урнатините во провинцијата Малатија.