Турција испрати воено засилување на границата со Сирија, соопшти Телевизискиот канал Al Jazeera.

turcija

“Воените засилувања на турската армија пристигнаа во пограничниот град Килис. Тој е само на неколку десетици километри од сирискиот населен премин Азаз.

Претходно денеска Турција ја најави својата намера да создаде зона за безбедност во северниот дел на Сирија на 10 километри од границата.

Против син на Ердоган покрената истрага во Италија за наводно перење пари

Анкара беше критикувана за нападите врз курдските сили кои ги врши. Претходно денеска од Курдската работничка партија (ПКК) изјавија дека се подготвени за преговори со Анкара, ако турските власти го ослободат основачот на партијата Абдула Оџалан и се согласат за создавањето на курдски ентитет.

Турција ќе продолжи со бомбардирањето на позициите на Курдите во Сирија како одговор на огнот од нивна страна, изјави претседателот Реџеп Ердоган.Турската артилерија веќе четврти ден страл врз борци од курдските сили за самоодбрана во авиобазата Минех и во распоредените во близина села. Премиерот Ахмет Давутоглу го нарекува тоа одговор на заканите за турската граница од страна на единиците на сириската курдска Партија на демократскиот сојуз и побара од нив да ги напуштат позициите северно од Алепо, на што тие одговорија со одбивање.

“Никој не треба да мисли дека ќе се повлечеме. На секој напад од таму ние ќе одговораме постојано “- изјавил Ердоган денеска пред лидерите на руралните администрации во Анкара.

Веќе беа упатени многу повици од сојузници на Турција во НАТО за прекин на бомбардирањето. Вчера тоа го направи и официјалниот претставник на американскиот Стејт департмент Марк Тонер, но не доби одговор.

Слични содржини