Турција размислува самата да изгради носач на авиони

од desk2
23 прегледи

Турските бродоградилишта, заедно со шпански партнери, би можеле да го создадат првиот турски носач на авиони осмислен од Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, јавија турските медиуми.

Бродот би бил долг 300 метри и би овозможил воена супериорност на најмоќната воена сила што го зафаќа подрачјето на Балканот.

Проектираниот носач Milli Uçak Gemisi (MUGEM) би бил досега најголемиот турски морски капацитет од домашно производство. Со својата големина би го надминал носачот на беспилотни летала TCG Anadolu, долг 232 метри.

Новиот носач би имал цел да биде пловна база за турските борбени авиони со фиксни крила, но и за хеликоптерите, а би можел да плови далеку од турските брегови.

Самиот процес на проектирање се одвивал во соработка со шпански капацитети коишто би учествувале во изградбата, но на турска територија.

Овој носач на авиони и други летала би бил најголемиот произведен на европско тло – сегашните најголеми европски носачи на авиони – францускиот „Шарл де Гол“ и британскиот „Кралицата Елизабета“ се долги 280 до 284 метри.

Слични содржини