Двајца генерали и пензиониран полковник се уапсени во Турција поради скандалот кој избувна околу видео-снимките како разузнавањето праќа оружје во Сирија, објави весникот “Заман”.
Приведени се командантот на жандармеријата во провинцијата Анкара ген. Ибрахим Ајдин, поранешниот командант на жандармеријата во провинцијата Адана ген. Хамза Џелепоглу и поранешниот шеф на крим лабораторија на жандармеријата полк. Бјурханетин Џихангироглу.
Ајдин и Џихангироглу се уапсени под обвинение за давање на доверливи информации со цел политичка или воена шпионажа, откривање на доверливи информации кои се однесуваат на државната безбедност, обид за државен удар и учество во вооружена терористичка организација. Обвиненијата против Џелепоглу се за обид за државен удар и водење на терористичка група.
Минатата недела поради ваквите обвинувања беа уапсени главниот уредник Џанг Дјундар и репортерот Ердем Ѓул од весникот “Џумхуриет”, кој ги објави инкриминирачките видеа.
Прво на психијатар, па во фотеља-иницијатива во Србија за психолошки тестови за политичарите
Премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека скандалот е напад против него самиот, претседателот Реџеп Ердоган и шефот на разузнавањето Хакан Фидан. “Јас бев една од главните цели на овој инцидент”, рече Давутоглу, цитиран од весникот “Хуриет”. “Тој беше насочен против три лица – тогашниот премиер (Реџеп Ердоган), јас како тогашен министер за надворешни работи и нашиот шеф на разузнавањето.”
Во јануари 2014 година жандармеријата запре три камиони на разузнавањето,кои тргнале за Сирија, откако обвинителството доби информации дека тие пренесуваат оружје. Тогаш властите тврдеа дека возилата носеле хуманитарна помош за сириските Турци. Во февруари 2014 година Анкара го забрани објавувањето на материјали за случајот, а во април годинава 17 војници кои учествувале во претресот на камионите, беа уапсени.
Владата ги обвини приврзаниците на духовникот Фетуллах Гулен дека го наредиле претресот и го смениле товарот на камионите. Веќе со години претседателот Реџеп Ердоган тврди дека Гулен создал своја паралелна структура во судството, полицијата и медиумите и се обидува да ја урне власта.