Турција воведува вонредна состојба

од Vladimir Zorba

Одлуката беше донесена од страна на Советот за национална безбедност и најавено од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган

1469048919-sasa

Турскиот Совет за национална безбедност одлучи во земјата да биде воведена вонредна состојба за наредните три месеци, поради неуспешниот обид за државен удар. Веста беше соопштена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, а изјавата беше распространето во сите медиуми.

Претстои да се види какви мерки ќе бидат воведени.

Претходно вечерва, во интервју за “Ал Џезира”, Ердоган изјави дека може и други држави да се вмешани во обидот за преврат. Тој не спомена конкретна земја, но напомена дека проповедник Фетхуллах Гулен, кого Анкара  го обвинува за бунтот, живее во Пенсилванија (САД, бел.ред.). По прашањето со невидени чистка, која се одржува во Турција, Ердоган рече: “Не сме дошле до крајот (…) Апсењето на овие луѓе ќе доведе до нови имиња”.

Слични содржини