Турција: Коњ спасен од рушевините по три недели (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Турските спасувачи, под надзор на ветеринари, извлекоа од урнатините коњ кој поминал 21 ден заробен во зграда во Адијаман.

Видеото од спасувањето го објави турското министерство за земјоделство и шумарство.

Животното е извлечено од непристапен терен. По преглед од страна на ветеринар, кој утврдил дека животното нема повреди опасни по живот, коњот е вратен на сопственикот.

Во меѓувреме, во Хатај беше отворена полска болница за спасени животни. Десетици волонтери бараат домашни миленици.

Турција беше погодена од два разорни земјотреса на 6 февруари, во кои досега загинаа најмалку 44.000 луѓе.

Слични содржини