Грчкото Министерство за здравство објави 20 земји од кои се очекува туристите да доаѓаат во Грција, а меѓу нив е и Македонија!
Грчките власти се подготвени за туристичката сезона, бидејќи летовите од странство ќе бидат пуштени од 15 јуни до аеродромот „Елефтериос Венизелос“, а од 1 јули на сите аеродроми во земјата.
Покрај Македонија, која се наоѓа на списокот со 20 земји што ќе можат да патуваат во Грција ова лето, вклучени се и Германија, Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Полска, Албанија, Словачка и Чешка.
Добрата вест важи и за нашите соседи. Се проценува дека Бугарија, Србија, Босна, Хрватска, како и Романија и Унгарија имаат слична епидемиолошка состојба, а туристи од споменатите земји се очекуваат и ова лето.
Во случај Министерството за здравство, по совет на експерти за заразни болести, да вклучи „зелено светло“, тогаш туристите од одредени земји ќе можат да дојдат без тест и нема да бидат под карантин.
Според „Скај“, објавен е необичен протокол за безбедност, кој се однесува на мониторинг на летовите со цел да се процени епидемиолошкото оптоварување и да се следат податоците за потеклото на патниците.
Така, постојат „црвени“ земји, „портокалови“ земји, „зелени“ и „жолти“, во зависност од епидемиолошките податоци (класификацијата се заснова на бројот на заразени лица и жртви). Така, во „зелените“ земји ќе има една до два инспекции, во „жолти“ од 5 до 10, во „портокалови“ земји од 20 до 30.
За да може овој план да биде успешен, (зборуваме за повеќе од 15 аеродроми во Грција), на аеродромите ќе се формираат 15 екипи, кои ќе бидат составени од голем број лекари. Тоа се воени лекари, медицински сестри, експерти од грчкиот државен здравствен институт.
Кога ќе се откријат позитивни случаи, тие ќе бидат карантинирани веднаш, како и сите луѓе со кои имале директен контакт.