Турската војска со дрон го уништи рускиот „Панцир С1“ (видео)

од Nikola Popovski

Додека ги испраќа мигрантите на грчката граница, Турција жестоко се бори во Сирија, како одговор на воздушниот напад во кој загинаа 33 турски војници во сириската провинција Идлиб на 27-ми февруари.

На социјалните медиуми се појави и снимка од уништувањето на рускиот сириски противвоздушен систем, моќниот Панцир-С1.

Страницата на Твитер „Clash Report“, која известува за воените судири, објави снимка од нападот, за кој тврди дека се случила ноќта на 2 март, во близина на стратешкиот град Саракиб.

Сириската армија го освои градот втор пат оваа недела, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз него со турска воздушна и артилериска поддршка.

„Clash Report“ покрај снимките, објави дека трагите од термичката камера на системот Панцир укажуваат дека системот бил активен и се подготвувал да нападне турски авион.

Сепак, турскиот дрон прв го уништил – и иако неговиот радар бил активен, Панцир не ја забележал и пресретнал ракетата, пред да биде уништен.

Слични содржини