Турски борбени авиони  симнале руски борбен авион МиГ-29, кој го нарушил турскиот воздушен простор. Тоа го тврдат непотврдени извештаи во социјалните мрежи. Се тврди дека очевидци виделе голема експлозија над Хурајтан, Северна Сирија, додека три борбени авиони  летале над нивните глави.

20151011.sjbrnwsaqk

Гласините за соборен авион доаѓаат на позадината на затегнатите односи меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Западот. Русија вели дека бомбардира позиции на ” Исламска држава “. Западот тврди дека Русите нанесуваат удари по позиции на умерената сириска опозиција. За возврат руската страна тврди дека нанела 55 ударипо позиции на “Исламска држава” во Сирија во 24-те часа до сабота. Русија, која најави планови за зголемување на ударите по “Исламска држава”, влезе во конфликт со Турција, откако руски бомбардери го прекршија турскиот воздушен простор.

аВИО ФРАНЦ

Во моментов ниту една земја не изјавила дали гласините за соборен руски авион се точни. . Според информациите на “Дејли експрес”, новинар напишал на Твитер дека турски авиони реагирале на “мистериозен” лет во нивен простор, алудирајќи  на моменти кои се користат од руските воени сили. Портпаролот на НАТО изјави дека во моментот не Алијансата не добил информации за соборен авион .

Слични содржини