Турски државјани возеле во спротивна насока на булевар среде Центар

од Nikola Popovski
95 прегледи

Скопската полиција информира дека пред два дена, двајца млади турски државјани биле уапсени во центарот на главниот град. Како што стои во нивниот билтен, двете лица со изнајмено возило се движеле во спротивна насока.

Турските државјани биле приведени околу 9 часот навечер.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар, велат од МВР.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

Слични содржини