Турската хакерска група Cyber Warrior Akıncılar урна стотици електронски сајтови на Холандија, вклучувајќи ги и оние на сите државни институции, објавија медиуми во Турција.

По пробивот на почетните страници на холандските сајтови се поставени турско национално знаме и слика на претседателот Реџеп Ердоган. Освен тоа е оставено порака на турски и англиски јазик со провокативен карактер што гласи: “Еј, Европа, вие таму зборувате за човекови права и слободи, но стравот од Голема Турција го откри вистинското ви лице на колониалисти и менталитетот ви на расисти и фашисти! Ние сме османлии, ние сме Турција, ние сме кибервоините на Акнџелар! ”
Хакерите размножија изјава, за нападот и ги истакнаа причината за неа , а тоа се избрканата во саботата вечерта и придружуван од полиција до Германија турска министерка за семејство и социјална политика Фатма Сан Каја и окрвавените демонстрации на турската заедница во Ротердам. “Нашата цел се сајтови на холандската влада и целиот систем од институции, и ние ќе ви го парализираме животот . Штом тие не ни даваат мир, тие исто така нема да живеат во мир “, се наведува во соопштението на хакерската група.