149
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа денеска изјави дека повеќе од 9.800 повредени во земјотресите што на почетокот на февруари го погодија јужниот дел на Турција се уште се на болничко лекување, јавува „Анадолија“.
„9.881 пациент кои беа жртви на земјотресот продолжуваат да се лекуваат во болниците“, објави Коџа на Твитер, истакнувајќи дека 1.834 пациенти се на одделенијата за интензивна нега.
Тој додаде дека најголем број луѓе се лекуваат во провинциите Анкара, Истанбул, Адана, Газиантеп и Анталија.