Турски пити со месо

од desk2
501 прегледи

За овие пити ќе ви биде потребна умешност во месење …

Потребно е:
за тестото:
500 г брашно
300 мл млеко
1 лажица кисело млеко
2 лажици сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
1 лажица масло

за филот:
400 г мелено месо
1 главица кромид
1/2 чаша (од 200 мл) рендан кашкавал
4 парчиња “Зденка” сирење
малку сув магдонос
сол, бибер

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги квасецот, шеќер и малку млака вода. Измешајте и оставете го квасецот да стаса.

– Во друг поголем сад ставете ги брашното, сол, млеко и масло. Додадете го стасаниот квасец и замесете тесто. Оставете го тестото да порасне, а за тоа време направете го филот.

– На малку масло пропржете го сецканиот кромид. Додадете го и месото и пржете додека не стане зрнесто. Кога ќе биде готово тргнете го на страна и во него додадете сол, бибер и сув магдонос. Измешајте и оставете да се излади.

– Потоа во месото додадете ги ренданиот кашкавал и „Зденка“ сирењето исецкано на мали коцки.

– Стасаното тесто поделете го на 8 делови. Обликувајте ги како топчиња, а потоа од секое топче развлечете што потенка кора.

– Превиткајте ги страните  и ставете од филот, а потоа повторно преклопете со тесто.

– Вака подготвените пити испржети ги на малку масло од двете страни додека не добијат убава боја.