Турски војници ја заробиле сестрата на ал-Багдади

од Vladimir Zorba

Турски војници во понеделникот ја заробиле постарата сестра на убиениот водач на „Исламска држава“, Абу Бакр Ал-Багдади во северозападна Сирија.

Ова го изјави неименуван турски службеник, кој апсењето го нарече разузнавачки „рудник за злато“.

Малку е познато за сестрата на Ал-Багдади.

Турски официјален претставник изјави дека 65-годишната Расмија Авад била фатена во приколка со камиони, каде живеела заедно со своето семејство, во близина на Азаз, во област што припаѓа на сирискиот регион, контролирана од Турција.

Сестрата на Ал-Багдади е пронајдена со сопругот, петте деца и еден роднина, рече официјалниот претставник, додавајќи дека возрасните кои биле со неа биле испрашувани.

Американските сили извршија операција за фаќање на ал-Багдади на северозападниот дел на Сирија, ноќта на 27 октомври, кој го активирал експлозивот во елекот, додека војниците се подготвувале да го уапсат.

Слични содржини