Турскиот министер за здравство: Се соочуваме со вториот пик на епидемијата

од Nikola Popovski
151 прегледи

Турција го доживува вториот пик на епидемијата на коронавирус поради одржувањата на свадби и други друштвени собири.

Ова го изјавил турскиот министер за здравство, Фахретин Коча, во време на наглото зголемување на бројот на новозаразени и смртни случаи.

Коча соопштил дека главниот град Анкара неодамна забележал најбрз раст на бројот на нови случаи, пренесува Ројтерс. Тој додал дека досега со вирусот биле заразени 29.865 здравствени работници, од кои 52 починале.

„Епидемијата продолжува. Вирусот се шири меѓу повеќе луѓе секој ден. Бројот на тестови расте секој ден, а  бројки на пациенти не опаѓа“, рекол Коча.

Според Министерството за здравство, бројот на нови случаи на Ковид-19 е зголемен за 1.596 на вкупно 273.301 во последните 24 часа, додека бројот на смртни случаи е зголемен за 45 и сега изнесува 6.462. Податоците покажуваат дека се излечиле вкупно 246.876 лица.