Турскиот претседател Ердоган пристигна во дводневна посета на Катар

од Radmila Tasevska
175 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска пристигна во дводневна официјална посета на главниот град на Катар, Доха, јавува Анадолија.

Ердоган на меѓународниот аеродром Хамад беше пречекан од вицепремиерот и министер за одбрана на Катар Калид бин Мохамед Ал Атијах, турскиот амбасадор во Доха Мехмет Мустафа Гокс и други официјални претставници.

Ердоган и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани ќе копретседаваат со деветтиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар.

На средбата ќе се разговара за сите аспекти на односите меѓу Турција и Катар, а ќе се разгледаат и средства за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји на различни полиња. Се очекува лидерите да разменат мислења за регионални и глобални прашања, вклучувајќи ги и нападите на Израел врз Газа и окупираните палестински територии.

Ердоган утре ќе присуствува и на 44-тиот самит на Советот за соработка во Заливот.

За време на посетата се очекува да бидат потпишани различни билатерални договори.

Слични содржини