Речиси 100 земји од целиот свет ја гледаат турската серија, со што земјата е на второ место во извозот на такви продукции по САД.
Популарноста на телевизиските емисии ѝ носи на Анкара годишен приход од 350 милиони долари, покажува истражувањето на мониторинг компанија Interpress Media Services, цитирано од весникот “Хуриет дејли њуз”.
Според податоците, турските ТВ-емисии станаа особено популарни во Латинска Америка во последниве години , каде што ваквите програми се меѓу 15-те најгледани.
И покрај
некогаш популарните сапунски опери од Бразил и Мексико, овие земји сега ги купуваат продукциите од Турција. Истражувањето исто така покажува дека блискоисточните земји купуваат претежно турски серии кои покажуваат современ, богат начин на живот, додека гледачите од Латинска Америка преферираат историски продукции. Европските гледачи главно се фокусирани на тематските серии.
Меѓу пазарите што турските продукции сакаат да ги наметнат се Кина, Јапонија, Индија. Од Interpress Media Services посочуваат дека најгледана турска серија во светот е “Величенствениот”, емитувана во Македонија, која раскажува за животот на императорот Сулејман Величенствениот, кој живеел во 16 в.