Турција ќе формира своја НАСА – турска вселенска агенција

од desk2
79 прегледи

Турската влада поднесе до парламентот предлог-законот за формирање на првата вселенска агенција во земјата, соопшти Defense news.

Агенцијата ќе развива задачи поврзани со вселенските и авијациските технологии. За председетел на новото Министерство ќе биде назначен премиерот на земјата Бинали Јилдирим.

Целта е да се намали зависноста од странска технологија, создавање на космодром и нови летечки објекти. До сега Турчин никогаш не летал во вселената. Пред една година се тврдеше дека во 2017 во вселената ќе лета турскиот студент Халил Хајукчи. Дали ќе се случи тоа, уште не е јасно. Во соработка со новата агенција ќе работат Министерството за наука, индустрија, одбрана и транспорт.

Креаторите на новиот нацрт-закон ја проучиле соодветната законска база во САД, Западна Европа и Јапонија, за да купат вселенски технологии. Во новиот турски космодром ќе се пласираат само ракети со патници. Во проектот веќе се вложени околу 1 милијарда долари.

Целиот вселенски сектор на земјата ќе биде целосно национализиран. Во 2019 Турција планира да го лансира првото целосно турско вселенско летало. Во 2023 флотата од турски сателити треба да биде зголемени до 10 единици.

Земјата веќе се обидува да произведува сопствен тежок тенк по име “Алтај”. Успехот му е сомнителен. Со години работи со шведскиот концерн Сааб за создавање на турски борбен авион. Тој треба да полета во 2025. Специјалистите сметаат дека тогаш тој ќе биде бескрајно застареа, а земјата ќе е потрошиа десетици милиради за едно ништо.