Турција ќе ги покрива христијанските мозаици во Аја Софија за време на молитвите

од Vladimir Zorba

За време на муслиманската молитва, мозаиците во истанбулската „Aја Софија“ ќе бидат покриени со завеси или ласери, објави портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АКП), откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го претвори музејот во џамија.

Христијанските икони ќе бидат откриени за сите посетители во преостанатиот период, а влегувањето ќе биде бесплатно, изјави портпаролот.

Сè уште не е разјаснето како мозаиците ќе бидат покриени со ласери, пренесува Радио Сараево.

Претседателот Ердоган ја прогласи истанбулската Аја Софија ќе биде отворена за муслиманските верници во петокот, откако судот донесе одлука дека претворањето во музеј во 1934 година е нелегално.

Одлуката предизвика критики и загриженост низ целиот свет, вклучително и Грција, САД и Русија, како и УНЕСКО и папата Франциск, кој рече дека е „повреден“ од одлуката.

Портпаролот рече на прес-конференцијата дека Светата Столица покажала најголемо непочитување кон Аја Софија во историјата.

Американскиот Стејт департмент во петокот објави дека е „разочаран“ од одлуката на турската влада да го смени статусот на Аја Софија, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во петокот рече дека „остро ја осудува“ одлуката на Турција да го претвори од музеј во џамија.

Грција рече дека одлуката ќе има последици врз односите меѓу двете земји и врските на Турција со Европската унија.

Слични содржини