Турција одлучи да прави млазен борбен-авион, кој истовремено ќе биде наменет и за обука

од desk4
131 прегледи

Вчера, Hürriyet Daily News објави дека турската компанија TAI (Turkish Aerospace Industries) работи на развој на проектот за домашен млазен борбен авион од петтата генерација (TF-X).

Американското издание Defense News пак соопшти дека TAI и турските владини органи постигнале согласност за спроведување на програма за создавање на авион за обука под условно име Hurjet (името е добиено од TAI турбопропелерски авион наменет за тренинг Hurkus + Jet).

Според планот на TAI, првиот лет на прототипот на Hurjet треба да се одржи во 2022 година, но сè уште не е дефинитивно  решено дали тој ќе биде со еден или два мотора.

Според првичните планови, максималната брзина на Hurjet треба да биде 1,2М, со практичен таван од 13.800 метри и борбено оптоварување до 3 тони. Прелиминарниот проект предвидува употреба на два украински АИ-222 мотори.

Сепак, не е јасно што останува од оригиналниот проект, но според распространети слики изгледот на Hurjet впечатливо потсетува на проектот на реактивниот образовен-авион за обука наречен Freedom Trainer предложен во 2016 година од страна на американската корпорација Sierra Nevada Corporation (SNC) во соработка со TAI и на ВВС на САД, кој беше со намена за замена на авионите Northroip T-38 Talon.

За таа цел имаше заедничко вложување во Freedom Aircraft Ventures LLC во Сентенл во близина Денвер (сојузна држава Колорадо). Sierra Nevada Corporation, од 1994 година е под контролирана од семејство Озмен, кое има турско потекло.

Според тоа, не е исклучено дека одлуката за производство на Хурит е суштински обид за пренесување на проектот на турска територија.

Freedom Trainer сепак, според прелиминарните податоци, треба да е полесен авион од претходно објавениот нацрт на Hurjet и е планиран да биде со два мотори Williams International со максимална влечна сила 1800 кг.