Турција е подготвена да им помогне на жртвите од поплавите во близина на Атина, јави новинската агенција АНА-МПА.

Во соопштението, турското Министерство за надворешни работи изразува солидарност со Грција и сочувство до роднините на жртвите од ужасните поплави што ја погодија областа Атика.
Како знак на солидарност, Турција е подготвена да обезбеди каква било помош, се вели во соопштението.