Туск: Нема алтернатива за партнерството меѓу Европа, НАТО и САД

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Нема алтернатива за партнерството меѓу Европа, НАТО и САД за справување со растечките безбедносни ризици, изјави денеска во Париз полскиот премиер Доналд Туск.

Туск пристигна во Париз како дел од мини-турнејата во која ќе биде вклучен и Берлин, во обид да воспостави поблиски врски со двете најголеми европски сили додека војната во Украина влегува во третата година и европските престолнини ја разгледуваат можноста поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, објави „Ројтерс“.

Трамп изминатиот викенд предизвика негодување меѓу западните партнери, откако сугерираше дека САД можеби нема да ги заштитат НАТО сојузниците кои недоволно трошат за одбрана од потенцијален руски напад.

Слични содржини