Туск: Украина има право да напаѓа руски објекти насекаде во Европа

Туск го изјави ова откако судот во Варшава претходно овој месец го блокираше барањето на Германија за екстрадиција на украински нуркач, кој е обвинет за вмешаност во саботажата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во 2022 година, истакнува весникот.

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Полскиот премиер Доналд Туск во интервју за „Сандеј тајмс“ изјави дека Украина има право да напаѓа руски објекти насекаде во Европа.

Туск го изјави ова откако судот во Варшава претходно овој месец го блокираше барањето на Германија за екстрадиција на украински нуркач, кој е обвинет за вмешаност во саботажата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во 2022 година, истакнува весникот.

Експлозиите на двата руски гасоводи за извоз во Европа – „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ – се случија на 26 септември 2022 година.

Германија, Данска и Шведска не ја исклучија можноста за намерна саботажа.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, изјави дека САД и Велика Британија го спречуваат започнувањето на објективна меѓународна истрага за терористичкиот напад врз гасоводот.