И по многу шпекулации дека Иванов повторно би избег(на)ал средба како со еврокомесарот Хан, сепак ќе мора да се сретне со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Нема каде, ќе мора да одоговри на некои прашања дали нависитна се залага за тоа што го мисли , за тоа што од него го бараат или тоа што го кажува.

Туск утре ќе ја посети Република Македонија. Тој дефинитивно во Скопје ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.