Tужба поради испарување на олово во пожарот во Нотр Дам

од desk4
136 прегледи

  Француската асоцијација Робин де Боа соопшти денеска дека поднела тужба до парискиот суд поради намерно загрозување на човечки животи од испрарување на олово во пожарот кој ја зафати катедралата Нотр Дам.

Според оваа Асоцијација, локалните власти требале веднаш да изречат заштитни мерки. Во тужбата не се посочува кој е конкретно осомничен.

Стотици тони олово се истопија кога во пожарот во април беа уништени покривот и кулата на катедралата Нотр Дам, а исклучително високо ниво на олово е регистрирано во воздухот во околината на црквата. Децата се посебно чувствителни на здравствените проблеми предизвикани од труење со олово.

Градските власти минатата недела наредија длабинско чистење на училиштата во соседството, а здравствените власти им препораќаа на децата и бремените жени кои живеат во близина на катедралата да направат тестирање на крвта.