Поради објавувањето на списокот на лица на кои им е одредена мерка за самоизолација и дел од списокот на заразени со коронавирус, околу 250 оштетени лица најавија тужба против Владата и државата Црна Гора.

Според порталот „Дан“, најмногу тужби ќе има во Подгорица, а барањата за надомест се движат од пет до десет илјади евра.
Уставниот суд на Црна Гора ја укина одлуката на Националното координативно тело (НКТ) за заразни болести за објавување на имињата на лицата во самоизолација од 21 март годинава, сметајќи дека е спротивна на Уставот на Црна Гора, Законот за заштита на личните податоци, Европската конвенција и Конвенцијата на Советот на Европа. Ваквата одлука беше донесена на иницијатива на невладината организација Граѓански сојуз.
Објавен и список на заразени
Список на заразени со коронавирус протече во јавноста. По притисокот од јавноста и невладиниот сектор, истражните органи започнале истрага и сè било сведено на само едно лице, иако е јасно дека осомничениот не бил единствениот што го поседувал списокот.
На 21 март, НКТ објави имиња на лица на кои им беше иречена мерка на задолжителна самоизолација. Владата го објави списокот на својата веб-страница и редовно го ажурираше со нови податоци, а потоа го отстрани.
НКТ веруваше дека објавувањето на списокот ќе придонесе за подобрување на почитувањето на мерките за самоизолација, со цел да се заштити јавното здравје.