Тужбата на Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ е неоснована

од Берта Китинска
331 прегледи

На денешното рочиште  во Граѓанскиот суд Скопје беше отфрлена тужбата на обвинителката Вилма Рускоска против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

При изрекување на пресудата беше кажано дека тужбата е несовесна.

Оштетното побарување на обвинителката Вилма Рускоска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за надомест на нематеријална штета изнесуваше 615 илјади денари.

Адвокатите на странките, по минатото рочиште, излегоа со спротивставени ставови во однос на тоа дали изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, биле за нарушување на угледот на обвинителката Рускоска, или пак тоа спаѓа во категоријата на слобода на говор.

Слични содржини