Тужел авиокомпанија оти не можел да заспие за време на летот

од desk2
76 прегледи

Љев Левченко од Сочи, Русија, го тужи рускиот авиопревозник Aeroflot, затоа што не можел за време на летот да заспие, а одморот му бил важен поради специфичноста на работата која ја извршува.

Причина за несоницата бил пакет кој шушкал за време на летот, а во кој се наоѓала храна за патниците.

Левченко е преговарач по професија и наведува дека поради работата мора да издржи неколку летови дневно, па недостатокот на сон му штети на неговите професионални вештини.

Бара компензација од 999.999 рубљи (околу 17.000 долари). Левченко бара и да биде заменет целофанот во пакетите поради кој не можел да заспие.