ТВ24: Дерковски и Карапетрова членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ

од desk4
277 прегледи

Оливер Дерковски и Светлана Карапетрова ќе бидат членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ, неофицијално брифираат за тв 24 партиски извори. Дерковски ќе биде претседател на ДИК, а Карапетрова член.

Според информациите на тв 24 Дерковски и Карапетрова поминале и на координацијата на најтесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево. Дерковски и Карапетрова се поранешни пратеници, а Дерковски беше и директор на Македоски Железници транспорт. Собранието минатата недела го објави огласот за ДИК, а членовите ќе имаат шест месечен мандат.

Третиот член од опозицијата, го договараат Алијансата за Албанците И Беса на Билал Касами.