Твитер го означи Би-Би-Си како медиум „финансиран од владата“

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си денеска се спротивстави на новата ознака која му е доделена на главниот профил на Твитер – „владата го финансира овој медиум“.

Корпорацијата го контактираше „Твитер“ за да ја реши ситуацијата со профилот @BBC што е можно поскоро.

„Би-Би-Си отсекогаш бил независен медиум, ние сме финансирани од британската јавност, преку претплата“, соопшти британскиот јавен сервис, додека сопственикот на „Твитер“ Елон Маск изјави дека верува дека Би-Би-Си е „најмалку пристрасна медиумска куќа“.

Кога на Маск му беше посочено дека Би-Би-Си се финансира преку претплати, тој праша во е-пошта: „Дали е точна ознаката на Твитер?“.

Владата на Велика Биранија го одредува износот на претплатата и таа сега изнесува 159 фунти на годишно ниво.

Главниот профил на јавниот сервис @BBC, кој има 2,2 милиони следбеници, е ребрендиран, но не и останатите профили во рамки на јавниот сервис, како што се BBC News или Sport.

Би-Би-Си е основана со Кралската повелба во 1927 година.

Твитер ги идентификува медиумите финансирани од владата како „медиуми во кои државата врши контрола врз уредувачката содржина преку финансирање, директен или индиректен политички притисок и/или контрола врз производството и дистрибуцијата“.

Слични содржини