Twitter ги ублажува ограничувањата од 140 карактери

од desk3
65 прегледи

По неколку месеци шпекулации, новите правила за написите во Twitter веќе се факт. Микроблогот објави дека дополнителната содржина веќе нема да се брои кон границата од 140 карактери.

655-402-tuityr-twitter

Под дополнителни содржини Twitter се подразбира слики, видео, GIF-ови, дури анкети. Цитирање на други твитови исто така нема да се брои. Објавување на линкови до други сајтови, сепак за сега ќе биде на стариот начин и само дел од врската нема да се брои.

Компанијата ја тестира и опцијата да не ги брои имињата на другите корисници во дадени твитови. Ова ќе им овозможи на корисниците да упатуваат еден твит кон неколку луѓе истовремено без да се намалува од 140-те знаци со кои може да им каже што сака.

Според информации на онлајн изданието The Verge Twitter размислува да им дозволи и публикации до 10 000 карактери. На крајот се откажале од оваа идеја од стравување дека ќе им наштети на имиџот како место за брзо споделување на кратки информации. Наместо тоа тимот на компанијата се обединил околу новите промените кои стануваат реалност сега.