У-21: Македонија против Украина во Молдавија

од Nikola Popovski
365 прегледи

Младата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ќе го одигра натпреварот со Украина во Кишињев, Молдавија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023.

Македонија во јуни ја очекуваат два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП. Нa 2. јуни ја пречекуваме селекцијата на Грузија, додека заостанатиот натпревар против Украина на програмата е закажан на 5. јуни.