Уапсен Ангел Самараков, член на обезбедувањето на Мицкоски

од Vladimir Zorba
4,4K прегледи

Ангел Самараков од Велес, кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, е уапсен поради „тргување со информации и изнудување пари со тие информации“, според „Нетпрес“.

Според информациите, при спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

„На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес“, велат од МВР за акцијата.

Слични содржини