Уапсен Арачиновец кој живее во Ирска, летал дрон во близина на касарна

од Nikola Popovski
447 прегледи

Лице од Арачиново кое живеело во Ирска летало дрон во близина на касарната „Гоце Делчев“, информираат од МВР.

– На 08.04.2024 во 00.30 часот на ул.„Матеја Матевски“ на подрачје на општина Аеродром, на задниот дел од касарната „Гоце Делчев“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобда Р.Р.(53) од с.Арачиново, со живеалиште во Ирска, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ по член 350 од Кривичниот законик.

Тој бил затекнат од воени лица како лета дрон во близина на касарната, стои во полицискиот дневен билтен.

Слични содржини