Уапсен брачниот пар кој обележувал еврејски куќи во Париз, сите се изненадени од каде доаѓаат

од Stefanija Kuzmanovska

Француската полиција денеска соопшти дека уапсила брачен пар кој ноќта во вторник кон среда прецизно ги насликал Давидовите ѕвезди на куќи во еврејска сопственост во Париз. Јавноста беше прилично изненадена кога беше објавено дека брачната двојка е од – Молдавија.

Неименуваниот пар – 33-годишен маж и 29-годишна жена од Молдавија – биле уапсени откако сведоци ги виделе како го исцртуваат симболот на јудаизмот на ѕидовите на 15 згради каде живеат Евреи или каде што се наоѓаат еврејски организации.

Двојката е во притвор, а француските власти одлучуваат дали да ги депортираат.

Бројни графити со Давидови ѕвезди се појавија во околината на Париз во последните денови, по антисемитските инциденти за кои француските политички лидери велат дека „ги потсетуваат на 1930-тите“.

Околу 60 Давидови ѕвезди беа насликани на ѕидовите на куќите во 14-тиот кварт на Париз во понеделникот вечерта, објави Би-Би-Си, кој наведува дека Франција се бори со нагло зголемување на антисемитските инциденти.

Повеќе од 850 вакви инциденти се пријавени во Франција откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Слични содржини